Радиографско Испитување - Ниво 1+2
Метода: Радиографско испитување (RT), обука и испит базирани на EN ISO 9712
Радиографско испитување Ниво 1
Содржина:
Обуката ги овозможува основните знаења и вештини во однос на радиографско испитување со Х-зраци и гама зраци. Со разбирање на својствата на јонизирачкото зрачење , познавање на пропусните особини на материјалите, објаснет е правилниот избор на јачина на зрачење и изворот на енергија. Разгледани се предусловите на факторите кои влијаат на квалитетот на сликата, преку одредување нагеометриските услови за снимање и изборот на филмови и фолии. На крајот на обуката, кандидатот ќе може да го утврди квалитетот на сликата на различни тест парчиња.
Програма:
- Научни основи на радиографско испитување
- Основи на Х-зрачење и гама зрачење
- Пропусност и избор на енергија
- Филмови и фолии
- Геометриски услови на снимање
- Филм за обработка и гледање
- Фактори кои влијаат на квалитет на сликата и утврдување на квалитетот на сликата
- Општо испитување и техники на објектно испитување
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува за кандидати со квалификации или претходна слична обука ; доказ за работно искуство најмалку 2 недели "мора да се достави пред полагање на испитот .
Радиографско испитување ниво 2
Содржина:
Оваа двонеделна обука овозможува напредни знаења и вештини во однос на радиографските испитувања. Основните познавања на кандидатите се засилени , објаснети се значењето на термините како фактор на зголемување, квалитет на сликата и тест на осетливостст и стандардите за одредени производи во зависнот со одредени индустриски сектори. Посебен осврт на : евалуација на филм во практични услови , планирање на испитувањето вклучувајќи изготвување на пишани упатства и верификација на резултатите од тестот. Обуката вклучува 4-дневна практична работа.
Програма:
- Објект и контраст на зрачење
- Филмски систем и филмски контраст
- Утврдливост на деталите и одредување на квалитетот на сликата
- Област подложна на евалуација, дисторзија и обем на објектот
- Специјални извори на зрачење, техники на снимање и приемници на зрачење
- Евалуација на радиографски слики
- Одливки и дефекти на одливки
- Евалуација на радиографски снимања на одливки
- Заварени споеви и дефекти при заварување
- Евалуација на радиографски снимки на заварените споеви
- Основи на дигитална радиографија
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои се обучени квалификувани работници или лица со слична обука. Учесниците треба да достават доказ за работно искуство од најмалку 3 месеци , присуство на Ниво 1 обука ( присуство без положен испит ) и уште 4 недели (Ниво 2) професионално искуство